Wednesday, June 26, 2013

Мојот свет свет


Мојот свет свет

Зошто да ти давам од времето?
Зошто да те пуштам во мојот свет свет?
За да ми ги лажеш вистините?
За да ми газиш по сништата и радостите?
Мислите да ми ги прелажеш, обесчестиш и земеш?

Па ти се знаеш, на сите им објаснуваш,
за сè збор ќе најдеш, сè ќе протолкуваш,
сè ќе свртиш наопаку - ќе извртиш лице на опачина,
нечии црева ќе извадиш од утробата негова,
па в раце ќе му ги дадеш и ќе кажеш:
- Повели! Денес слава славам па раздавам.

Како ли гревовите ќе си ги оправдаш?
Како ли ќе те суди иднината?
Кои пари душата ти ја купија,
па по себе и други во пекол да водиш?


<Константин Карев, 8 мај 2013>


Зачаурени гасеници

Зачаурени гасеници.

Ги гледав малите луѓе,
ситни личности - мали по душа.
Тие се смееја и мавтаа со раце,
правеа гримаси,
озборуваа и понижуваа.

Тие беа големи и интересни –
во своите мали приказни.
Тие егоистично ја градеа сликата околу себе.
Личеа на зачаурени гасеници.


<Константин Карев, 22 мај 2013>

Што племе!

Нит знаеме, нит можеме и желбата ни вене -
да створиме за себе си, со време.
А само знаеме и можеме... (што племе!) 
едени со други злобно да се колвеме...