Sunday, October 26, 2014

Бистри капки



Бистри капки

 
Спремни да се стркалаат по нагибот на листот
и да му тежат,
додека може да го издржи тоа слатко бреме,
пред да попушти,
да ѝ се поклони на Земјата
ослободувајќи ги;
за повторно да ги чека.


26.10.2014

Thursday, October 23, 2014

Виножито



Виножито

И вискито е вистинито,
кога нема вино на менито,
плус, тоа ти е лековито,
со сирење мешовито.

Нека слушнат луѓето,
нека процени жирито,
дал е сè законито ил
противзаконито...
изразито.

Не доаѓам инкогнито,
говорам отворено, разборито,
објаснувам сликовито,
го раслојувам слоевитото,
ги ваѓам нештата на чисто:
И по Тито – мито!
И по Тито – партиско сито!
И по Тито – некому сè му е рамно и видовито
а некому ридовито и магловито!
И по Тито – Бенито!
И по Тито – бандито!

Рагаци! Субито!

Пепито, да ми ти каже чичо Вито:
– „Од тоа твое знаменито шеговито – духовито,
да не ми те касне лошо москито?
Да не ми те клоцне коњ со копито?
Да не ми те однесе комбито?„
Оти, не ми го знаеш табиетот, ниту хобито –
давење в кофа или в корито.

А над полето со жито –
виножито.













23.10.2014

Tuesday, October 21, 2014

Хихирику

Сакаа да го колат петлето,
а не знаеја на колку луѓе тоа им кажува
колку е саато
и дека воде паато.
 

Sunday, October 19, 2014

Тоа јет






Некој јет зет,

некој поет,

а некој нишчо не јет –

само знајт да серет.




       Некој јет зет,
     некој        поет,
а некој нишчо не јет.