Sunday, October 12, 2014

Јас преку граници си летав...


Јас преку граници си летав...

И ми тропаа на врата.
Сè со списоци во рака –
бараа да се зачленам.
Го зедов пасошот и летнав.

И никој ништо не ме праша:
Ни каде одам; Дал се плашам?
И колку луѓе одат по мене?
И колку луѓе не се бројат?

Менував имиња сто пати,
и тага судбина ми прати,
но имам јас пријатели.
Го имам сиот свет за себе.

А еден човек, што ме знае,
и ниту крие, нит се кае,
па, малку треба да се дознае –
лежеше долго. А без гревој...

Тргнавме вчера, бевме тројца,
а в мугри само еден втаса,
и тој што пее – тоа не сум јас.
Јас преку граници си летав...

О, како ветерот си дува!
Ветер што памти и што чува,
ветер што ослободува
и ќе нè врати нас од мракот.

No comments:

Post a Comment