Tuesday, October 7, 2014

Златна жила



Златна жила

30000 денари добива татко ми – плата,
тој работи како вратар.
А мајка ми добива 32000 денари, плата.
Таа работи на централата, во партијата.
За 50000 денари, плата, работи сестра ми, големата –
работи на уплата, по кладилници, по селата.
Сестра ми, помалата,
е сестра медицинска, таа
работи во колата на помошта,
во итната.
И таа за голема плата.


А баба ми и дедо ми,
дома си седеа и гледаа сиво.
Па, од пензии заштедено,
си купија по цистерна пиво,
а од ситното, што остана –
си купија по еден нов живот.

Ја фативме златната,
жилата.
Тоа е знаењето.
Тука ни е силата.


08.10.2014
 









No comments:

Post a Comment