Wednesday, February 4, 2015

Дали постои Господ?




Дали постои Господ?

Господ е татко ми.
Тој на 85 години,
во 3 саатот ноќе,
прави палачинки.
Господ е мајка ми.
Таа си отиде,
без да ги објасни работите,
како што треба.
Господ сум јас.
Јас сум нивен син.

Константин Карев
05.02.2015

Тој пробива во души



Поетот не е слуга, поетот не е роб,
поетот е независен, поетот не е сноб.
Поетот стрела зборови поврзани во стих,
и може да е тивок тој, но зборот не е тих –
тој пробива низ бункери,
преградите ги руши,
тој в срце те погодува,
тој пробива во души.

А  ако се премислуваш,
со честа калкулираш,
и мислата зародена
од себе ја абортираш –
ти не си поет, не си свој,
сам себе се негираш.
И глумиш ти постоење –
ти само вегетираш.

Константин Карев
04.02.2015