Wednesday, March 5, 2014

Овчарот најдобар наш



Овчарот најдобар наш

Тој е овчарот најдобар наш -
наш еден и единствен спас.
А кога во стадо се движиме
похрабри нема од нас – овците.

Тој татко на народот е -
споменици прави за нас секаде.
И ако сум поет кој далеку е
тој мене ме сака, ме разбира сè.

На чело на партија е,
и може да игра со судбините.
Со  судскиот систем тој пријател е,
неуморно гради и мисли на сè.

Не го сака отпорот, знам,
го кажа тој тоа од мојот екран.
Тој добива плата од секој од нас
и става камата за секој наш глас.

Тој е овчарот најдобар наш -
наш еден и единствен спас.
А кога во стадо се движиме
похрабри нема
,
порадосни нема,
посреќни нема,
позадоволни нема,
послободни нема од нас – овците.

<Константин Карев, 21 јуни 2013>