Friday, April 18, 2014

Татковина



Татковина

Татковината те разбира.
Таа е твоја, затоа што ти си нејзин.
Таа те штити.
Татковина е чувството на гордост и радост;
и чувството на тага и револт.
Татковината те боли кога ти ја поганат и одземаат.
„Татковина“ е земјата што ќе те покрие кога ќе умреш.

<Константин Карев, 18 април 2014>

Saturday, April 5, 2014

Немеам и боговеам




Немеам и боговеам

Ми требаш,
за да знам дека си блиску,
на дофат,
на посегање.

Ми требаш,
за да ја пребоиш мојата меланхолија во бојата на победата;
за да можам да те довикам,
да те допрам,
и да те домилувам.

Ми требаш
за да ме ослободиш од црни мисли
и за да те исполнам со радост;
за да ме одмориш од болка и од талкање.
Со тебе јас не сум јас,
со тебе јас сум повеќе од себе.

Ми требаш,
како благослов и како спасение;
како излез
и како нов почеток.

Ми требаш,
како што на распуканата, исушена земја ù треба дождот, а на гладниотлеб;
како што на ноќта ù треба денот за да ја буди и да ја заспива
и како што на денот му треба ноќта - толку различна, а толку блиска.

Ми требаш,
затоа што чудата се ретки,
а ти...
ти си чудо;
и затоа што кога чувствувам чудо -
подзапирам, ги собирам рацете,
немеам и боговеам.

Константин Карев