Девојчево страшно.
Да се исплаши човек, страшно е.
Да се исплаши некој,
ако тој некој ја приграбил власта како да му е во наследство оставена;
ако тој некој ја силува демократијата а се крие позади нејзиното име;
ако тој некој 8 години реформира сè во државава, за по некое време да
почне да предлага реформирање на своите сопствени реформи, без да признае дека
погрешно реформирал досега, без елементарно, човечко извинување;
ако тој некој ги користи сите механизми за да потчини, за да оневозможи
и оцрни неистомисленици и било каков никулец на креативно и независно размислување...
Страшно им е.
Се навикнале на власт, на привилегии, на лагоден живот и на бизниси кои
ги водат на штета на државата.
Се држат за фотелјите како патници во полупаднат авион.
Се тресат и се подмочуваат.
Силни се студентите.
Студентите болат.
Болат,
затоа што не можат толку лесно да им залепат етикета;
затоа што се многу;
затоа што се обединети;
затоа што не стигнале да ги потчинат, уценат,
подјармат и врбуваат во својата „унија„.
подјармат и врбуваат во својата „унија„.
Страшно е девојчево.
Страшно е скоро исто толку
колку што е страшно првото кокиче
кога го преборува својот страв,
наоѓа сила во себе,
и се покажува над себебендисаниот и веќе лански снег.
Страшно храбро.
Страшно пркосно.
Страшно убаво.
Доста беше молк!
Нема веќе молк!
Се собра еден полк!
Константин Карев
26.12.2014