Friday, December 26, 2014

Доста беше молк!




Девојчево страшно.
Да се исплаши човек, страшно е.

Да се исплаши некој,
ако тој некој ја приграбил власта како да му е во наследство оставена;
ако тој некој ја силува демократијата а се крие позади нејзиното име;
ако тој некој 8 години реформира сè во државава, за по некое време да почне да предлага реформирање на своите сопствени реформи, без да признае дека погрешно реформирал досега, без елементарно, човечко извинување;
ако тој некој ги користи сите механизми за да потчини, за да оневозможи и оцрни неистомисленици и било каков никулец на креативно и независно размислување...

Страшно им е.
Се навикнале на власт, на привилегии, на лагоден живот и на бизниси кои ги водат на штета на државата.
Се држат за фотелјите како патници во полупаднат авион.
Се тресат и се подмочуваат.

Силни се студентите.
Студентите болат.
Болат,
затоа што не можат толку лесно да им залепат етикета;
затоа што се многу;
затоа што се обединети;
затоа што не стигнале да ги потчинат, уценат, 
подјармат и врбуваат во својата „унија„.

Страшно е девојчево.
Страшно е скоро исто толку
колку што е страшно првото кокиче
кога го преборува својот страв,
наоѓа сила во себе,
и се покажува над себебендисаниот и веќе лански снег.

Страшно храбро.
Страшно пркосно.
Страшно убаво.

Доста беше молк!
Нема веќе молк!
Се собра еден полк!

Константин Карев
26.12.2014

Добро и лошо



Добро и лошо

Сè што можеш да направиш лошо –
можам и јас.
Лесно е.
Направи нешто добро, за промена.
Изненади ме!

26.12.2014

Што имам да кажам?



Не паркирај – гаража.
Не блокирај – плажа.
Ти ќе мижеш јас ќе баам,
нема веќе да те жалам.
 
Не ме слушајте, јас лаам.

Wednesday, December 10, 2014

Македонска пролет


Македонска пролет


Иде пролет –
македонска пролет:
слободна,
умна,
искрена,
гласна
и радосна.

Ја гледам во вашите очи,
ја чувствувам во вашите срца.

Не давајте да не ви ја дозволат,
ниту да ви ја присвојат.