Tuesday, September 30, 2014

Чаре?

Чаре?

Кај нас има многу мивки,
прво, толку многу тивки,
после тоа храбри, такви,
што со ѓавол садат тикви.

На фотеља чим се качат,
топло место кога зграпчат
само за себе си квачат,
својот народот си го мачат.

Еден, прво овчар беше –
овци пуштија и меше.
Сите овци ги гледаше,
лоша мисла немаше.

После сегде стана молк –
овчарот се стори волк.

Овци почна волк да дави,
почна да им бара пари.
Без трева ги остави,
со сила ги остари.

Чув и... негде, кажал зајко...
луѓе јадел, живи! Мајко!
Каде тоа да се види
кус на волкот да не биди!

Што ли сега јас да правам?
Глава в торба да си ставам?
Каде од тука да бегам?
Тука веќе чаре немам.


30.09.2014



Sunday, September 28, 2014

Ете


Ете

Сонцето не ја свети својата светлина,
туку нечија туѓа.
Небото не е толку широко, ниту пурпурно,
какво што го сакам.
Облаците не се лесни,
ниту шеќерни.
Планините не се такви
какви што ги замислувам и памтам.
Сите бои се бледи копии
на својата суштина.

Синилото и длабочината на твоите очи
не ме пијат жедно, како некогаш.
Ти не го бладаш моето име во сон,
не смислуваш среќни епилози,
немаш помрачувања.

Овие стихови не ти се посветени тебе,
ќе му ги кажам на ветерот.


29.09.2014