Sunday, September 28, 2014

Ете


Ете

Сонцето не ја свети својата светлина,
туку нечија туѓа.
Небото не е толку широко, ниту пурпурно,
какво што го сакам.
Облаците не се лесни,
ниту шеќерни.
Планините не се такви
какви што ги замислувам и памтам.
Сите бои се бледи копии
на својата суштина.

Синилото и длабочината на твоите очи
не ме пијат жедно, како некогаш.
Ти не го бладаш моето име во сон,
не смислуваш среќни епилози,
немаш помрачувања.

Овие стихови не ти се посветени тебе,
ќе му ги кажам на ветерот.


29.09.2014

No comments:

Post a Comment