Безглават
Безглаво постојат.
Со безглавието уништуваат сè
што е смислено во туѓите глави.
Па, нели од нив почнува главеењето?
Во безглавјето свое
мислат дека се главосани и главни:
Алфа и Омега,
прапочеток на почетоците,
извор на постоењето и на животот,
мислат дека се татковци и прародители
на секој можен Бог.
<Константин Карев, 21 јули 2013>