Monday, January 26, 2015

Разумен компромис со ѓаволот



Разумен компромис со ѓаволот

Украдени се XXX евра,
во противвредност од YYY денари.

За кражбата се обвинети лицето X.Y. и уште ZZZ неизвесни лица.
Обвинетиот, паричните средства ги употребил
за дрогирање на вистината,
и за купување на измислена, виртуелна реалност,
од познати произведувачи на лажен бурек
и од други професионални јадачи на трици.
Со виртуелна реалност го хранел дивиот национализам до прејадување.

Освен тоа X.Y. е обвинет и за силување
на малолетното лице Демократија Македонска.
(Лицето во моментот се води како исчезнато).
Сведоци тврдат дека Демократија била на неколку пати грубо погазена
од страна на X.Y. и во Законодавниот дом на Република Македонија,
како и надвор од него.

Според досегашните сознанија не може да се претпостави
дали X.Y. ги изврши инкриминираните дејствија свесно и со намера;
или во состојба на привремена или постојана намалена пресметливост.

Како соучесник на X.Y. се посочува лицето под кодно име „Заспаниот Валандовчанец„.
Се очекува лицето да се разбуди
и да даде разумно објаснување
за компромисот
што го има склучено со X.Y. и / или со ѓаволот.


26.01.2015
КоНСТаНТиН КаРеВ
(иМеТо и ПРеЗиМеТо се шифрирани -
за да се заштити идентитетот на авторот)

---
Извадок од Службен вескик, број 153, год. LXVII, 3 ноември 2011, четврток, Македонија, планета Земја

Sunday, January 11, 2015

Влада што блада

Влада што блада

Безумната Влада сака да си купи ум,
неопределена количина.
Количината ќе зависи од квалитетот на понудениот ум.
Пари има.
Позајмени се.
Заложена е иднината.
Кому му е гајле?
http://mrt.com.mk/node/19185

Saturday, January 3, 2015

Погрешен правец



Погрешен правец

Луѓето секогаш го грешат правецот...
насоката не е ни битна.

Зошто да останеш на Земјата,
кога Месецот ти е на дофат?