Monday, January 26, 2015

Разумен компромис со ѓаволот



Разумен компромис со ѓаволот

Украдени се XXX евра,
во противвредност од YYY денари.

За кражбата се обвинети лицето X.Y. и уште ZZZ неизвесни лица.
Обвинетиот, паричните средства ги употребил
за дрогирање на вистината,
и за купување на измислена, виртуелна реалност,
од познати произведувачи на лажен бурек
и од други професионални јадачи на трици.
Со виртуелна реалност го хранел дивиот национализам до прејадување.

Освен тоа X.Y. е обвинет и за силување
на малолетното лице Демократија Македонска.
(Лицето во моментот се води како исчезнато).
Сведоци тврдат дека Демократија била на неколку пати грубо погазена
од страна на X.Y. и во Законодавниот дом на Република Македонија,
како и надвор од него.

Според досегашните сознанија не може да се претпостави
дали X.Y. ги изврши инкриминираните дејствија свесно и со намера;
или во состојба на привремена или постојана намалена пресметливост.

Како соучесник на X.Y. се посочува лицето под кодно име „Заспаниот Валандовчанец„.
Се очекува лицето да се разбуди
и да даде разумно објаснување
за компромисот
што го има склучено со X.Y. и / или со ѓаволот.


26.01.2015
КоНСТаНТиН КаРеВ
(иМеТо и ПРеЗиМеТо се шифрирани -
за да се заштити идентитетот на авторот)

---
Извадок од Службен вескик, број 153, год. LXVII, 3 ноември 2011, четврток, Македонија, планета Земја

No comments:

Post a Comment