Monday, October 6, 2014

Поука за стрвност? (само 0.65 грама сребро ставени под јазикот)



Кога ќе дојдат твоите 5 минути
треба да ги зграпчиш, да ги стиснеш,
да ги гмечиш и да ги развлечеш
за да ти траат барем уште еден живот.

(Ова често го применуваат политичарите. Па прават сè за да останат што подолго на власт – сласт.
Сакаат да се обезбедат, за да имаат што да му дадат на Харон, кога тој ќе ги превезува нивните души преку водите на подземната река Стикс.
Иако знаат дека Харон ќе ги глоби само еден обол, само 0.65 грама сребро ставени под јазикот; тие сакаат да си ги трансферираат и своите банкарски сметки во пекол, па и таму да манипулираат, поткупуваат и лажат.
Не знаат дека тој ги носи само душите кои нашле мир во гробовите.)



No comments:

Post a Comment