Thursday, October 23, 2014

Виножито



Виножито

И вискито е вистинито,
кога нема вино на менито,
плус, тоа ти е лековито,
со сирење мешовито.

Нека слушнат луѓето,
нека процени жирито,
дал е сè законито ил
противзаконито...
изразито.

Не доаѓам инкогнито,
говорам отворено, разборито,
објаснувам сликовито,
го раслојувам слоевитото,
ги ваѓам нештата на чисто:
И по Тито – мито!
И по Тито – партиско сито!
И по Тито – некому сè му е рамно и видовито
а некому ридовито и магловито!
И по Тито – Бенито!
И по Тито – бандито!

Рагаци! Субито!

Пепито, да ми ти каже чичо Вито:
– „Од тоа твое знаменито шеговито – духовито,
да не ми те касне лошо москито?
Да не ми те клоцне коњ со копито?
Да не ми те однесе комбито?„
Оти, не ми го знаеш табиетот, ниту хобито –
давење в кофа или в корито.

А над полето со жито –
виножито.













23.10.2014

1 comment:

  1. Тоа се е во вед, ги вадиш нештата на чисто, но сето тоа е забележување на нештата, како биле и како се сега. И кога гледаме како е, видуваме дека е исто како и порано. Значи ништо не се променило, иако и тогаш имало такви поети што нештата ги ваделе на чисто. Зборот ми е таквиот стил на пишување, кој всушност значи разоткривање на вистината, не помага таа да се промени кон подобро. Тоа нее доволна причина некој што ги прави таквите нешта да се поправи и да не ги прави, или пак народот да се опамети и да го попречи правењето на таквите нешта. Према тоа, излезот би бил во промена на стилот, што ќе се движи во правец на откривање на причината и подучување на лугето како да се отстрани. Према мене во прашање се две причини, што треба да бидат мотив за пишување на песни. Едната е системска, а тоа е погрешното присвојување на крајниот резултат од работата само од страна на газдите и другата донесувањето на се поглупави и поглупави закони во врска со работата. Јас на таа тема имам напишано книга во два дела, а во првиот дел напишав и две стихотворби- не би ги нарекол песни. Зборот ми е темата веќе ја има, само треба добро да се проучи и обликува и во форма на најкраток облик на опевување, кое можеби ќе ја пробуди свеста кај луѓето за борба за отстранување на причините.

    ReplyDelete