Friday, June 13, 2014

Готово е – така си мислиш



Ете – си мислиш – готово е, ништо не можам.
Те натераа да се откажеш од себе,
да се чувствуваш ничтожно,
да се убедуваш дека си никој и ништо: празнотија.

Ти ја испија енергијата,
ти ги украдоа мислите,
ти го исцицаа духот.

Од твојата душа направија страшило,
го обесија на другата страна од вечноста,
на излезот за итни случаи,
за да ги плашат храбрите,
за од нив да направат пифтија,
таква што се тресе самата од себе,
ладна, лигава, мрсна и нема.

Тие тоа го работат,
тоа е нивната суштина на постоењето:
да негираат вредности,
да го контролираат создавањето,
да ја спречат мислата,
и да ја умрат слободата.


13.06.2014

No comments:

Post a Comment