Sunday, June 15, 2014

Зборови



Реди ги зборовите.
Врзувај ги еден со друг,
за да се држат,
да зависат и да не можат еден без друг.

Од зборовите барај да раскажуваат,
да значат,
да носат,
да содржат.

Лесно е да нафрлаш зборови што ставени заедно ништо не значат.
Тогаш тие само предизвикуваат конфузија во разумот на читателот.
Поточно, тие ја пренесуваат конфузијата што била во разумот на поетот
којшто ги напишал.
Читателот или ги избегнува таквите „дела„ затоашто тие се напорни за конзумација;
или лажно го воспева авторот, сакајќи да покаже дека ја разбрал „тајната порака.

Тешко е да ги врзеш зборовите и да им дадеш таков магнетизам, што, ако еден збор се извади од концептот, останатите зборови го губат значењето, силата и емотивниот набој.

No comments:

Post a Comment